Дистрибуција
WOODEX – нуди градежна компресирана иверка лесна за употреба и висококвалитетна за изработка на оплати за бетон. Во процесот на производство на оваа иверка е обрнато внимание на водопропустливоста, како и температурата и притисокот при работа со истата.
Wienerberger - е најголемиот производител на тули во светот и со своите речиси 200 производствени погони во 30 земји, ги држи водечките позиции на пазарите на ќерамиди во Европа. Дејноста на „Винербергер“ ги покрива сите процеси, од екстракција на глина, производство, сертификација на производи до трговско и техничко советување.
Edil Centrо - Е бренд основан во 1996 година и се занимава со производство на цигли за градежништво. Едил Центро нуди 10 различни видови на цигли.